Welcome in my funny blog :)

Friday, May 13, 2011

Тртам.

Си бил некој сиромав човек кој многу убаво цртал но неможел да вика ц и еден ден дошле родителите на неговата девојка да го прашаат каков човек е за да можат да му ја дадат нивната керка. И таткото прашал:
- Е синко ти што работиш?
А човекот рекол:
- Е дедо јас немам многу пари, но тртам, тртам, многу тртам, тебе и баба има да ве натртам оригинално­ ­.

Thursday, May 12, 2011

Дедо на 11 години.

Две плавуши разгледуваат фотографии.
- Тоа е дедо ми на 11 години.
- Ха! Не знаев дека човек може да стане дедо на 11 години.

Тулумба или еклер.


Таткото: Сине оди да ми земиш бурек со сирење!
Синот: А ако нема бурек со сирење да ти земам еклер?
Таткото: Ако нема со сирење земи со месо!
Синот: А ако нема со месо да ти земам еклер?
Таткото: Ако нема со месо земи пица бурек!
Синот: А ако нема пица бурек да ти земам еклер?
Таткото (изнервиран) : Е АКО НЕМА ЗЕМИ МИ ЕКЛЕР!
Синот: А ако нема еклер да ти земам тулумба? :))

Friday, May 6, 2011

Не се гледа.

Мујо го прашува Хасо:
- Што е подобро, да си глупав или да си келав?
- Да си глупав!
- E зошто глупав?
- Па затоа што не се гледа!

Единица.

Малиот Трпе оди дома и почнува да плаче. Трпе го гледа и го прашува:
- Зошто плачеш сине?
- Денес професорот по математика ме стана на табла и бидејќи ништо не знаев ми пиша единица.
- Епа што има во тоа толку страшно?
- Епа кога ме праша дали сакам еден или два, јас му реков два и ми напиша две едници!

Батаци.

Оди пензионер во продавница да купи батаци и продавачот му вика:
- Сакаш француски или словенски?
А пензионеров му враќа:
- Сеедно, и онака не зборам со нив.

Филмови.

Зошто Никола Груевски обожава да гледа филмови?
- Затоа што државата му е комедија.

Далечинско.

Толку си глуп што ако ти го украдат телевизорот, ќе трчаш да им го дадеш далечинското.

Кажав сите !!

Си била една баба и се качила во авион. По десет минути летање авионот го превземаат терористи. Доаѓа еден терорист и вели:
- Дадете ми ги парите!
И бабата вели:
- Де бе синко, зар и јас стара?
Терористот:
- Не јади гомна, кажав, сите!
Откако ги собрал парите:
- Дадете го сега и златото!
- Де бе синко зар и јас стара!?
- Не јади гомна кажав сите!
После неколку минути:
- Соблечете се голи, одма!
- Де бе синко зар и јас стара?
- Не јади гомна, кажав сите!
И на крај:
- Сега ќе ве силувам!
И една жена вика:
- Де бе зар и оваа старава баба!?
И бабата вика:
- Не јади гомна, кажа сите!!!

Палецот.

Цветко нарачува чорба. Келнерот му ја носи ама и палецот го ставил внатре. На тоа Цветко револтирано:
- А бе мајсоре, што правиш бе, вади го тоа палецот од чорбата.
- Извинете ама мене докторот ми кажа палецот цело време да го држам на топло бидејќи имам чир на него.
- А да си го ставиш палецот во газот, таму е потопло!?
- Па до прееска ми беше таму!

Thursday, May 5, 2011

Замрзнати пилиња.

Толку си глуп што ако ти дадам две замрзнати пилиња едното ќе ти избега.

Јаболко.

Зошто плавуша пие вода откако ќе изеде јаболко?
- Заборавила да го измие.


Тест.

Што е црно, бело и страшно?
- Тест по математика!


Свадба.

Зошто Трпе обожава да ја гледа свадбата од назад кон почетокот?
- Затоа што Трпана тогаш го вади прстенот, се качува во колата и се враќа кај нејзините дома!


Логика.

Си бил младич на испит по логика и професорот му вели:
- Ќе ти ставам 5 зошто ништо не знаеш!
А студентот му враќа:
- Професоре, а може ли јас да ви поставам едно прашање од вашата област… Ако ми одговорите точно, ставете ми 5 и си одам, ако не ми одговорите точно ставете ми 6 и ќе ви го кажам одговорот!
Професорот се сложил, а студентот му го поставил прашањето:
- Што е легално, а не е логично; што е логично, а не е легално и што е ни легално, ни логично?
Професорот по долго размислување се откажал и му ставил 6ка на студентот, а студентот му го кажал одговорот:
- Вие имате 61 година и имате сопруга од 24 години, што е легално, а не е логично! Вашата сопруга има љубовник на нејзина возраст, што е логично, а не е легално! Вие на нејзиниот љубовник му ставате 6, што не е ни легално, ни логично!

Криење.

Дедото му вели на внукот:
- Брзо, скриј се, доаѓа учителот, а ти денес не отиде на школо!
На тоа внукот:
- Ти скриј се, јас сабајлево им се јавив дека си умрел.